Македонски државјани сакале да поминат граница со лажни ПЦР тестови.
Четворица наши државјани се обиделе со лажни ПЦР тестови да ја поминат границата меѓу Србија и Босна и Херцеговина. Службениците на граничната полиција на БиХ на граничниот премин Рача при редовната контрола откриле пет фалсификувани ПЦР тестови за ковид. Од нив четворица биле македонски државјани и еден кинески. За случајот е информиран и обвинителот на Окружното јавно обвинителство во Бјелина, бидејќи постoи сомнение дека е сторено кривично дело фалсификување исправа. Ова не е прв ваков случај. И претходно на различни гранични премини имаше патници кои со лажни тестови се обидуваа да патуваат
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.