Полицијата во текот на вчерашниот ден уапсила две лица на Граничниот премин „Долно Блаце“.
Во првиот случај за влез во Македонија при пасошка контрола било констатирано дека 47-годишниот Б.Ш. од Косово се наоѓа на листата од Интерпол со мерка „Апси“. Лицето е приведено за понатамошна постапка.
Потоа, во 04,30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“за влез во Р.Македонија бил приведен 33-годишниот Л.Ш. од Албанија, врз основа на телеграма од Интерпол за сторени кривични дела „тешки кражби“.
Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.