Македонска државјанка загина денеска на автопатот А3 кај Окучани во Хрватска кога возилото со германски регистарски ознаки во кое била совозач излетало од коловозот во одводен канал и се превртело на покрив.

Од полицијата на Бродско-посавската жупанија информираа дека сообраќајката се случила изутрината околу пет часот. На местото на настанот веднаш биле испратени екипи на полицијата, противпожарни единици и Брза помош, пренесува Хина.

Потврдено е дека една жена државјанин на Македонија загинала, а возачот исто така македонски државјанин е повреден, но одбил лекарска помош.

Портпаролката на полицијата Ката Нујиќ изјави дека се врши увид на местото на сообраќајката и се утврдуваат околностите како се случила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.