Бугарски царинци пронашле повеќе од 33 килограми канабис вреден 69.000 евра во автомобил со кој управувал државјанин на Македонија.

Како што пренесува БТА, автомобилот марка „киа” со македонски регистарски таблички бил стопиран на граничниот премин меѓу двете земји на 23 декември кога цариниците, при контрола, пронашле 76 пластични кеси со марихуана под просторот за багаж и под двете предни седишта.

Возачот, Р.Р. (58), патувал сам од Македонија преку Бугарија до Турција.

На барање на Окружното обвинителство – Хасково, судот му изрече мерка притвор на Р.Р.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.