Шеесет и едногодишниот Зоран Велјановски од Тетово починал во Малта каде бил на привремена работа. Тој починал од срцев удар, а сега семејството се соочува со потреба од помош Зоран да биде донесен во Тетово и погребан.
За пренесување на телото се потребни средства од околу четири илјади евра што нашето семејство ги нема веднаш да ги обезбеди. Апелирам хуманите граѓани доколку се во можност да донираат средства, информира неговата ќерка Маја Исовска.
Трансакциска сметка на Маја Исовска е во Халк банка со бројот 270-7000342500.67.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.