Во Куманово на улицата „11-ти Октомври“ вчеравечер се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило со управувано од 26-годишен кумановец, и патничко моторно возило со српски национални ознаки, управувано од 46-годишно лице од Србија.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од Србија, која била пренесана во Општата болница во Куманово. Со повреди се здобиле и уште две сопатнички од истото возило.

Повреден е и возачот од Куманово како и неговиот сопатник кои биле пренесени во Општатата болница во Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.