Во четвртокот наутро во СВР Куманово било пријавено дека во селото Умин Дол се случила несреќа, во која 44-годишен мајстор кој рабител на изведување градежни работи на покривот на приватна фирма ппаднал од висина од 3 метри и добил тешки повреди. Несреќниот човек бил пренесен во кумановската болница.

На 28.03.2019 околу 11.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека во приватна фирма во село Умин Дол, кумановско, при изведување работни задачи на кровна конструкција, И.Ѓ.(44) од Куманово паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телсни повреди. Тој бил пренесен во Медицински центар Куманово каде му била укажана лекарска помош,  пишува во полицискиот билтен.

Увид извршиле екипа од СВР Куманово и инспектор за труд и заштита при работа и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.