Мајката на убиениот Пино Секондо, кој беше пријавен за исчезнат на 10 декември минатата година, а идентификуван вчера, се заблагодарува за поддршката во потрагата по нејзиното дете, но најави дека нема да застане тука и ќе продолжи да бара правда за Пино.
Откако МВР го потврди идентитетот на скелетот пронаден во атарот на селото Љуботен, Маја Трпковска пиша на Фејсбук: „Благодариме на сите за подршката. Тешко е верувајте ми, многу тешко. Мојата битка продолжува, сега БАРАМ ПРАВДА ЗА МОЕТО ДЕТЕ!!! ОРОСПИЈАТА АНГЕЛА ЃЕОРГИЕВСКА СО НЕЈЗИНИОТ ПОМОШНИК ШТО ГО ИМААТ УБИЕНО МОЕТО ДЕТЕ ДА ДОБИАТ НАЈГОЛЕМА КАЗНА! ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР!!! Да скапат во затвор! Детето ми го убиле и го сокриле за животни да ми го распарчат! Курво една, бел ден да не видиш ни ти ни твојот помошник ни твојата фамилија!!! Ороспија! Ѓавол!!! Проклета да бидеш додека ќе имаш душа во тебе!!!“
Уште во февруари мајката на Пино во изјава ја посочи како сомнителна извесна Ангела од Ѓорче, која го намамила Пино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.