Обвинителството денеска експресно ја викна мајката на убиениот Пино Секондо, да даде исказ пред истражителите. Повеќе од два часа Маја Трпковска раскажувала што точно се случувало во последните денови од животот на нејзиниот син, но и на нејзините сомнежи, кои после 6 месеци се покажаа како основани. Излезе растревожена од распитот, побара доживотен затвор за осомничените.

Сепак се уште останува енигма кој бил мотивот за двајца млади луѓе да го извршат грозоморното убиство на 26 годишниот Пино. Мајката има сомнежи.

Пино исчезна во декември лани, скелетот му беше пронајден април годинава. Истрагата покажа дека бил намамен од девојката која сега веќе е во притвор, а дека во него стреалал осомничениот Али Ф кој е се уште во бегство. Бил убиен во Арачиново, пукано од пушка, со куршум во глава. Според истрагата телото двајцата осомничени го однеле близу селото Љуботен и го закопале во дупка. Мајката со денови трагаше по вистината за исчезнувањето на нејзиниот син. Поради нејзината лоиша состојба повторно ќе биде повикана да го заокружи своето сведочење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.