Пино Секондо, момчето кое беше исчезнато шест месеци и убиено на свиреп начин, беше пронајдено пред околу 30-тина дена во атарот на Љуботен. Неговата мајка, Маја Трпковска, семејството и блиските пријатели беа во потрага целото време, но за жал случајот заврши трагично.

Додека Маја со сите сили и можности трагаше по своето исчезнато дете, како што вели таа, во секторот за потраги и исчезнати лица, не мрднаа ни со малиот прст. На ожалостената мајка и спуштале слушалки, (во која како што вели таа поседува и видео снимка), а исто така и одговарале на непрофесионален начин, кога прашувала дали има некаква трага од незиното исчезнато дете.

Од голем револт, непрофесионалност и многу други причини, кои за сега нема да ги открие во јавноста, Маја Трпковска поднесе тужба против секторот за потраги и исчезнати лица.

Телото од Пино беше најдено на место викано Башинец во атарот на с.Љуботен пред еден месец, а беше утврден неговиот идентитет.

,,На 31.05.2019 година Единица за насилен криминал при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ф. А. (27) и А. Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело “убиство“ предвидено и казниво по член 123 од КЗ на РСM. Имено, се работи за убиство на Пинета Секондо, кој на 11.12.2018 година од страна на неговата мајка, бил пријавен за исчезнат во ПС при СВР Скопје. На 29.04.2019 година во Единицата за известување и команда при СВР Скопје од страна на граѓанин пријавено е дека на место викано Башинец во атарот на с.Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења.

По преземени оперативно тактички мерки дојдено е до сознание дека извршители се горенаведените лица, по што добиена е Наредба за претрес во дом и други простории од Основно јавно обвинителство Скопје и извршен е претрес во домовите на пријавените како и на уште две лица , роднини на првопријавениот. Во домот на првопријавениот пронајдени се СИМ картици, лични документи, мобилен телефон, УСБ, мемориска картица, една фантомка и возило Опел Аскона.

По Ф.А. распишан е централен распис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.