Во разговор за порталот Магазин, мајката на убиеното момче Пино Секондо, Маја Трпковска откри до сега необјавени детали за неговиот живот, детството, како и детали за убиството и обвинетата, Ангела Ѓорѓиевска. На прашањето дали нејзиниот син бил во врска со обвинетата, Трпсковска вели:
Тој не беше со неа, меѓутоа Пино ја знае преку негов другар кој и беше дечко на Ангела. Ангела беше девојка на другар од Пино. Мојот син уште кога беше во врска со едно девојче што го имаше порано, Ангела почнала да му се удвара. Сега зборуваме за пред 4 или 5 години не е ова од сега, не дефинитивно Ангела не ми беше девојка. Пино од месец октомври почна да си излегува со друго девојче многу фино и уште тогаш мојот син почна да ја избегнува Ангела, но таа се надевала дека ќе биде богата снаа „Италијанка„.
Ангела доаѓала кај нас овде во куќава, одела по собите горе од радозналост. Последната девојката на Пино , ми рече “Тетка Мајо кога ќе дојдевме кај вас овде во куќава дали на кафе или скара, Ангела се шеташе по собите и се сликаше со автомобилите”, уште тогаш таа имаше намера да влезе во нашата фамилија. Но Пино не беше заинтерсиран за неа, одговорила Трпковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.