Во декември, семејството Манојлов имало сметка за струја од 3.300 денари, која според доказите обезбедени од Алсат, се покажало дека е платена на 17 јануари 2020 година. Во јануари, семејството потрошило електрична енергија во висина од 4.000 денари, но истрагата на Алсат покажува дека оваа сметка не била платена. За месец февруари, март и април немало потрошено електрична енергија, туку на адреса на семејството Манојлови била стигната само сметка за такса која се плаќа кога нема потрошувачка на струја. Неплаќањето на сметката за јануари и другите три сметки кои се доказ дека не се трошела струја ги отвораат сомнежите дека членовите на ова семејство починале кон крајот на јануари, односно Катерина Манојлова починала кон крајот од јануари, додека нејзиниот син неколку дена подоцна.
Тој бил корисник на социјална помош која не ја подигнал за месеците јануари и февруари и истата била вратена на Центарот за социјална работа.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.