Телата на мајката и синот што починаа во стан во Велес биле во стадиум на распаѓање од два месеца, а не од еден месец како што тврдат здравствените власти, така укажуваат податоците со кои располага МВР, рече вечерва во гостувањето на ТВ24 министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Нашата истрага која опфаќа разговор со соседите, податоци за струјомерот, водомерот, телефонските повици, укажуваат на фактот дека од половината на јануари двајцата не контактирале со никого. Полицајците кои ја вршеа предистрагата посочуваат дека телата на починатите биле во распаѓање како за два месеца што говори дека тие биле подолг период починати од она што го посочија здравствените власти, рече Чулев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.