Телата на мајката и двете ќерки целосно изгореле во трагедијата која завчера се случи на Солунска глава, а телото на таткото, односно пилотот што го управуваше авионот е изгорено до половина, дознаваме неофицијално. Надлежните на местото на несреќата при увидот затекнале страшна глетка. Она што официјално се знае е дека идентификација на телата ќе се прави со ДНК од нивни блиски роднини.
Георги Ангелов Бошнаков (1970), Гергана Бошнакова Георгиева (2005), Билјана Бошнакова Георгиева (2000) и Калина Корнајева Цонева (1972) загинаа при падот на авионот „цесна” П210Н на 80 километри од Скопје, на планината Јакупица во близина на врвот Солунска Глава.
Бошнаков беше шеф на одделот за примена и одржување на информатичката технологија во Агенцијата за регистар. Авионот полетал од Охрид за Софија, а во 16,16 часот се прекинуваат врските со контролата на летање.
Авионот со германски регистрации бил во сопственост на Георги Бошнаков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.