Жена од Кочани ги оставила своите деца кај свекрвата, а деветмесечното бебе на пат.
На 20 мај годинава нејзиниот сопруг отишол во Германија, а пријавената ја запоставувала должноста за грижа и воспитување на децата, при што четири од своите малолетни деца ги оставила кај свекрвата, а најмалото деветмесечно бебе го оставила на патот на ул.„Поп Арсов Блаже“.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против М.М.(21) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.