Вчераутро околу 10 часот пријавено било дека во село Команичево, кавадаречко, на место викано „Врапче“, при лов, М.Ц. (68) од Кавадарци се здобил со прострелна рана во левата плешка, нанесена, според пријавеното, од страна на друг ловџија И.Ј. (27).

На М.Ц. му е укажана лекарска помош во Медицински центар Кавадарци, каде му била констатитана тешка телесна повреда, по што бил упатен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.