Млад прилепчанец загина во инцидентот што се случи вчера околу 11 часотво атар на с.Витолиште, прилепско.
Како што било пријавено во прилепската полиција, Ѓ.К.(25) од Прилеп бил погоден од куршум од ловечка пушка од едно лице од ловната група.
Околу 14.55 часот од екипа на Итна медицинска помош било констатирано дека Ѓ.К. им подлегнал на повредите. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.
Во врска со настанот од слобода е лишен С.П.(50) од Прилеп, кој бил приведен во полициска станица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.