Во трагичен случај во скопското село Горна Матка, животот го загубил жител на селото Матка, кој бил застрелан по грешка од страна на ловџија, соопшти полицијата.
На 16.12.2021 околу 21.40 часот, полициски службеници од Полициското одделение Сарај го лишиле од слобода Р.К.(64), поради сомнение дека сторил кривично дело „убиство” по член 123 од Кривичниот законик. Во 21.30 часот во Полициското одделение Сарај тој пријавил дека во с.Горна Матка, додека бил на лов и чекал диви свињи, застрелал човек, мислејќи дека е дивеч. Во 21.40 часот на полициски службеници им го покажал местото и телото на починатото лице. Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт и било утврдено дека починатиот е С.Ј.(46) од с.Матка, скопско, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во полициското соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.