Локализиран е пожарот на градската депонија „Мелци” во Кавадарци, за МИА потврдуваат од Територијалната противпожарна единица.

Веднаш по дојавата, интервениравме на лице место. Нашите пожарникари и вработени од Јавното претпријатие „Комуналец” дејствувавме со пет противпожарни возила и цистерни и друга механизација погодна за надминување на вакви состојби и терени. Најбрзо што можевме огнот го ставивме под контрола. Граѓаните да бидат мирни, нема никаква опасност по животната средина, ниту било какви последици, будно ја следиме состојбата, нагласија од Противпожарната единица.

Оттаму додадоа дека засега не се знае вистинската причина за пожарот, дали е тој можеби подметнат или дошло до самозапалување.

Мораме да нагласиме дека ретко доаѓа до палење на депонијата. Но и кога доаѓа до такво нешто, се трудиме да го надминеме проблемот во најкус можен рок, рекоа од Единицата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.