Противпожарниот воз и екипите на македонските Железници го локализираа и ставија под контрола пожарот на пругата кај скопското село Дељадровци, на коридорот десет.

Од пожарот се оштетени 400 прагови кои ќе бидат променети во најбрз рок. Се става уште еден државен ресурс во справување со пожарите, изјави за МИА Хари Локвенец, директор на Железници и инфраструктура.

Противпожарниот воз и дежурната екипа остануваат на терен, за да се спречи повторно активирање на пожарот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.