Шумскиот пожар кој избувна на локација стар пат с Бели-Пониква, утринава околу 9:00 часот е локализиран и изгаснат. Извршена е проверка на теренот за можни остатоци на жаришта и нивно гасење. Дирекцијата за заштита и спасување заедно со локалната самоуправа на општина Кочани го координираше гасењето на пожарот со што е запазена постапноста во дејствувањето при вакви катастрофи со учество на околу 100 луѓе од ТППЕ Кочани, ТППЕ Виница, ТППЕ Штип, ТППЕ Кавадарци, ТППЕ Гевгелија, просторните сили на ЈП Национални шуми, просторните сили на локалната самоуправа на општина Кочани и други субјекти, соопштуваат од Дирекцијата.

Дирекцијата за заштита и спасување упатува апел до сите граѓани на Република Македонија за совесно однесување и почитување на забраната за движење во шуми и шумски предели како и дадените препораки да не се палат стрништа и оган близу шумски површини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.