Вчера околу 09.30 чаот на улица „Новосадска“ во Битола, при изведување на лимарски работи на кров од куќа, К.Џ(33) од Битола, вработен во лимарска работилница, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, информира МВР.

Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Клиничката болница Битола, а потоа во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.