Лицето кое синоќа го демолираше зелениот покрив на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје е газда на хотел кој се наоѓа во трговскиот. Вработени во ГТЦ за СДК.мк велат дека откако ги виделе снимките од безбедносните камери веднаш го препознале сторителот. Тој, според нив, барал градината што се прави на покривот да се користи како тераса за објектот.
Од ГТЦ велат дека снимките од безбедносните камери ќе се предадат на Министерството за внатрешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.