По полноќ во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на раскрсница од улиците „Браќа Џунови“ и „7 Септември“ во Кавадарци, кај фонтаната, имало повредено лице со убодни рани. По извршени проверки е констатирано дека станува збор за К.М.(28) од Кавадарци, кој бил пренесен во Општата болница Кавадарци за укажување на лекарска помош. По наредба на Јавен обвинител, две лица се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот, соопшти полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.