Рекордни 320 километри на час регистрирале полициските радари на автопат во земјава, а исто така, надминат е рекордот кај оние кои седнуваат пијани зад волан, па кај возач биле измерени 3,74 промили алкохол.

Вчера претпладне во акција на полицијата на цела територија на државата, регистрирани се 400 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, а дури 230 возачи биле во алкохолизирана состојба, од нив 30 во Битола.

Нема старосна граница во овие прекршоци. Фрапантни се и бројките на затекнати возачи кои управуваат без возачка дозвола, најмногу млади лица, велат од полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.