На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ, денеска почина уште една жртва од страшната сообраќајна несреќа, која се случи на 13-ти февруари на автопатот Скопје-Тетово, кај селото Ласкарци.

Станува збор за деветнаесетгодишната девојка, на која и беше ампутирана ногата. Лекарите на КАРИЛ повеќе од еден месец правеа сѐ за го спасат нејзиниот живот. Изразуваме длабоко сочувство до фамилијата – велат од Министерството за здравство.

Инаку, ова е 16. жртва на несреќата кај Ласкарци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.