Пациент од село Брвеница пријавил дека вчера околу 17 часот и 30 минути бил нападнат од лекар во Клиничката болница во Тетово.
В.С.(67) од село Брвеница пријавил дека истиот ден околу 17:30 часот додека бил на преглед во Клиничката болница во Тетово бил физички нападнат од Ш.Ф., лекар во болницата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти денеска СВР Тетово.
Според извори во истрагата, пациентот бил на закажан преглед кај друг лекар, а пријавениот лекар влегол во просторијата и му забележал на 67-годишникот за тоа што на висок тон разговарал на телефон додека се наоѓа во болница и го удрил со нога.
За само три дена ова е втор инцидент со физички напад во Tетовската клиничка болница. Во петокот лекар од кожното одделение во болницата беше нападнат и повреден од двајца браќа кои добија осум дена притвор и кривична пријава за насилство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.