Судијката Васка Николовска – Масевска даде половина час пауза на денешното рочиште за случајот „Рекет“ бидејќи адвокатот на Бојан Јовановски, Сашко Дукоски, побара лекар да дојде во судот и да го прегледа обвинетиот.

Дукоски напомена дека денеска немало лекар во затворот за да го прегледа.

Тој на остар тон разговараше со судијката која сепак се согласи да се изврши преглед без да каже од каков доктор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.