Пратеникот Миле Лефков во емисијата „Филибастер“ на радио Лидер изјави дека јавноста секојдневно е сведок на огромни скандали.

Во било која држава во Европа, Владата ќе си даде оставка, по ваков скандал со издавање на фингирани лажни документи – изјави Лефков.

Тој јавно праша до кој степен нарко мафијата од регионот соработува со македонкста Влада.

Како е можно да бидат издадени документи на лица кои се нарко босови. Свиркачи ги доставиле овие документи. Документите не се фалсификувани, туку издадени од официјални лица. И тоа си поминува така, нема ниту соопштение. Затоа се наоѓаме во овој хибриден режим. Секојдневно гледаме каква е поврзаноста на нарко мафијата со власта, судството е заробено. За жал имаме последици, човечки животи кои нема да се вратат, економијата крахира и секој ден сме се подалеку од Европа – изјави Лефков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.