Вистинска драма се случувала ноќеска во скопскотата населба Илинден, дознава 24 Инфо. Лажни полицајци упаднале во една од куќите за да ја ограбат, по што биле тепани домаќините, но и тие возвратиле.

Разбојниците биле маскирани во полицајци за да жртвите им ја отворат врата. Откако влегле внатре ги нападнале домаќините. Разбојниците ѝ го скршиле носот на бабата, а тепан бил и нејзиниот син и внукот. Сепак внукот успеал да земе нож и да прободе еден од арамиите.

Од МВР потврдија дека се случил инцидент.

На 17.05.2021 полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.В.(21), П.Ѓ.(19) и С.М.(26), сите од нас.Илинден, постапувајќи по пријава според која во 01.45 часот, заедно со Н.П.(26), со употреба на сила влегле во домот З.П.(52) во нас. Илинден, почнале да ја оштетуваат покуќнината и физички ги нападнале З.П., К.П. и Л.П.. Според пријавеното, З.П. во самоодбрана со остар предмет го повредил Н.П., кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, a З.П., К.П. и Л.П. биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Како што стои во пријавата, причина за нападот е наводен долг на К.П. кон напаѓачите. Пријавените лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.