МВР ќе го преземе случајот со снимката на која наводно се слуша гласот на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, во која машко лице се расправа и физички се пресметува со друго лице.
Реакции веќе пристигнаа од партиите, а обвинителството нема отворено предмет.
Од опозицијата го нападнаа премиерот Зоран Заев и го нарекоа поддржувач на насилство. Курто Дудуш претходно демантираше дека тој е на снимката и дека воопшто малтретирал човек, велејќи дека снимката е монтирана од политички причини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.