Во тетовската полиција вчера И.Ф. (41) од Тетово пријавил дека пронашол неексплодирана граната во куќа во село Ратае. Тој куќата претходно ја купил од друго лице и ја реновирал.
Бил извршен увид и било констатирано дека станува збор за граната со калибар од 40 мм. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата било безбедно подигната, соопшти МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.