Кумановскиот суд донесе пресуди за седум лица кои не ја почитувале забраната за движење.

Пресудите се донесени врз основа на поднесени предлози за издавање на казнен налог од

Основното јавно обвинителстви – Куманово, за кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Основиот суд Куманово донесе седум пресуди, со кои шест лица се огласени за виновни за наведеното кривично дело и се осудени на парична казна од по 100 дневни глоби, во вкупна денарска противвредност од 61.500,00 денари, а едно лице е огласено за виновно и осудено на парична казна од 50 дневни глоби .

Наведените кривични дела обвинетите ги сториле на начин што, за време на пандемија, како епидемија од глобални размери, со одлука на СЗО, на 29.03.2020 година, на 01.04.2020 година и на 05.04.2020 година, во истите околности, за време на пандемија од глобални размери, постапилe спротивно на Одлуките на Владата од 25.03.2020 година и 03.04.2020 година, со кои се определуваат мерки за забрана и посебен режим на движење на територија на државата, од 21,00 часот до 05,00 часот и од 16,00 до 05,00 часот, односно, не ја почитувале забраната за движење, во наведениот период.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.