СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А. (22) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 12.04.2019 на улица „Трета Македонска Ударна Бригада“ во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле екстази.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп пак, поднесе кривична пријава против Б.Ч. (32) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 22.03.2019 на улица „Кузман Јосифоски“ во Прилеп полициски службеници извршиле претрес во станот каде престојува пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.