Жителка на Куманово вчера попладне е приведена откако при полициска контрола кај неа е пронајдена прашкаста материја. Нешто подоцна полицијата привела и 40 годишен маж кај кого било пронајден кафеав прашок.
Како што се наведува во билтенот од МВР:
На 16.10.2019 во 16.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода А.П.(39) од Куманово, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 16.10.2019 во 17.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле О.А.(40) од Куманово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.