Шеесет и седумгодишна кумановка била измамена за вкупна сума од 2.300 евра, пари кои ги дала на лице кое ѝ ветувало дека ќе издејствува укинување на пресудата за нејзиниот син со која тој бил на задложително психијатриско лекување.
– На 27.09.2021 во 10.05 часот во СВР Куманово, 67-годишна жена од кумановско село пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2300 евра, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Според пријавеното, во текот на февруари 2021 година лицето и се јавило и ѝ понудило да и помогне, односно дека може да издејствува да се укине пресудата за нејзинот син, кој бил на задолжително лекување во Психијатриска болница во Скопје.
Откако се договориле, пријавителката од февруари до април во неколку наврати ги предала парите на лицето, по што веќе не можела да стапи во контакт со него и се посомневала дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.