Вчера попладне на местото викано „Долно маало“ во близина на село Тромеѓа, кумановско, на земјен пат, трактор „Универзал 445“ управуван од Б.П. (49) од село Тромеѓа се превртел и притоа, со тешки телесни повреди се здобил Б.П., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Куманово.

По укажаната лекарска помош, бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.