Девочје од Куманово на возраст од девет години било нападнато во влез на зграда, од жител на Куманово кој се обидел да изврши полово дејствие врз неа.
Како што соопшти МВР, полицијата поднела кривична пријава против Ф.А. (31) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.
На 8 јуни 2020 околу 21 часот, додека бил пред станбена зграда во Куманово каде живее, го забележал девојчето на возраст од девет години и во влезот од зградата се обидел да изврши полово дејствие, но не успеал, се наведува во соопштението на МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.