Кумановец пронашол неексплодирана граната од Втората светска војна во населбата Ајдучка Чешма во Куманово.
На 30 октомври, годинава во 16:57 во СВР Куманово, А.М. од Куманово пријави дека во населбата „Ајдучка Чешма“, пронашол неексплодирана минофрлачка граната од Втората светска војна со калибар 82 милиметри – соопштија од МВР.
Екипа од СВР Куманово извршила увид, а гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.