Во индустриската зона „Чолија“, атар на село Чолија, скопско, вчера 68-годишен маж од Куманово починал откако паднал од околу пет метри висина додека изведувал работни задачи, информираат од МВР.

Во СВР Скопје, вчера било пријавено дека во индустриската зона „Чолија“ од објект во изградба, Н.Н. (68) од Куманово паднал од околу пет метри висина додека изведувал работни задачи. Тој се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болница во село Петровец, каде во 15.00 часот починал.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било пренесено во институтот за Судска медицина за обдукција.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.