Ноќеска околу 01 часот на Граничен премин Табановце, за влез во Р. Македонја се пријавил С.С.(32) од Куманово и при извршената пасошка контрола е констатирано дека истиот се бара за издржување казна затвор во траење од една година, за сторено кривично дело “тешка кражба” по член 236 став 1, а во врска со член 22 од КЗ.

Лицето е приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово, со цел спроведување до КПУ-Затвор Идризово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.