СВР Куманово поднесе кривична пријава против 23-годишниот Н.А. од село Љубодраг, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 03.11.2020 во семејната куќа во село Љубодраг, пријавениот, по вербална расправија, ја заклучил неговата мајка Н.А.(44) во нивниот дом, заканувајќи се да не повика полиција. Со помош на соседи таа повикала полиција, а откако Н.А. ги забележал полициските службеници, се обидел со остар предмет да ги повреди, по што самиот си нанел повреди. По укажаната помош во кумановската Болница пријавениот, на 04.11.2020 бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.