СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ц. (29) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 04.06.2019, врз основа на судска наредба, од страна на полициски службеници од СВР Куманово бил извршен преглед над него, при што била пронајдена марихуана.

Синоќа пак, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба ги привеле М.С.(20), Н.Б. (21) и Н.И. (20), сите од Скопје, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.