Пожар утринава изби во куќа на улицата „Будимпештанска бр.31“ во скопската населба Тафталиџе.

Од Противпожарната бригада на Град Скопје изјавија дека интервенирале со пет возила и 10 пожарникари. Пожарот кај нив бил пријавен во осум часот.

Пожарот е локализиран, а неофицијално причината е од расипан бојлер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.