Два објекта, една куќа и една плевна, изгореа во пожари во Шипковица и Горни Челопек. Повредени нема, причинета е само материјална штета. Како што информира командантот на тетовската противпожарна единица Ука Алити, едниот пожар избувнал вчера, а другиот рано утринава.
-За пожарот во Шипковица е пријавено околу 15 часот. На интервенција заминаа пет пожарникари со две возила. Во куќата живееше петчлено семејство, изјави Алити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.