Неколку лица се нападнати а десетици туристи и локални жители се преплашени од глутница од десетина кучиња која скита по охридските улици во деновите со најмногу гости во сезоната.
Глутницата постојано се движи и час може да се види во Охридската чаршија час во некоја од охридските населби.
Најопасен бил инцидентот кога на улицата Ванчо Питошески глутницата нападнале туристка која ја спасила брза интервенција на локален жител.
За проблемот за кој е надлежна општина Охрид нема никаква реакција иако проблеми со глутницата кучиња за неколку месеци имале десетина граѓани.
Во општина Охрид нема активно одделение кое се занимава со уличните кучиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.