Маж и жена од Скопје се новите жртви на кучиња скитници во центарот на Скопје и во населбата Аеродром. Во овие две населби, како и на кејот на реката Вардар, во изминатиот период се случија серија напади од кучиња скитници.
Според билтенот на МВР:
Вчера во 12.20 часот во Полициската станица Центар, С.С.(48) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11.15 часот на плоштад „Македонија“ била касната од куче скитник за десната потколеница.
Во 21.00 часот во полициската станица Аеродром, М.Ш.Л.(42) од Скопје пријавила дека на булевар „АВНОЈ“ била касната од куче скитник за левата рака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.