Жестока и крвава тепачка се случила попладнево меѓу членови на СДСМ во Делчево, дознава Нетпрес.
Според податоци на порталот претседателот на СДСМ во Делчево и сопственик на угостителски објект, за кој делчевци велат дека е дивоградба во центарот на градот, В.В., по кратка вербална расправија за ветено а неисполнето вработување во локалот физички го нападнал сопартиецот Д.П. Наводно, во физичката пресметка нападнатиот добил тешки повреди на лицето и фрактура на носот.
Напаѓачот моментно е во бегство и е недостапен за органите на прогонот. Наводно, бил во добра комуникација со заменик-командирот на ПС Делчево. Извори за Нетпрес откриваат дека голема е веројатноста заменик-командирот на ПС Делчево да ги презел работите во свои раце, трудејќи се по секоја цена да го забошоти настанот, барајќи од потчинетите полицајци да ги сменат белешките направени на местото на настанот.
Неофицијалните информации велат дека не се преземаат мерки за обезбедување на напаѓачот, туку дека наводно се вршело притисок врз полицајците и повредениот, со цел да се прикрие нападот и да се забошоти случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.