Крвава драма ноќеска се случи во Тетово каде жена избоде повозрасен човек кај којшто живеела.

Како што соопшти полицијата, околу 1 часот и 45 минути, полицајци од СВР Тетово ги уапсиле 44-годишната Л.Ѓ. и 58-годишниот Ф.Р., двајцата од Тетово, поради сомнение дека Л.Ѓ., претходно, во домот на А.Т.(60) во Тетово, каде престојувала заедно со Ф.Р., со остар предмет го повредила А.Т.. Тој е пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Тетово, а двете лица се задржани во полициската станица во Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.