Велосипедист е тешко повреден откако утрово бил прегазен на пешачки премин кај „Југодрво“ во Центар. Oчевидци велат дека на лице место имало доста крв и дека тој итно е пренесен во болница.
Од СВР Скопје за „Република“ велат дека полицискиот увид е во тек, по што ќе се знаат повеќе детали.
Утрово во 10:30 часот на булеварот „Кочо Рацин“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „опел“ и велосипедист, велат оттаму и најавуваат повеќе детали по полицискиот увид.
Улицата сè уште е затворена за сообраќај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.